Руските екипи набрзо ќе се вратат во европскиот фудбал!?

Претседателот на Руската фудбалска федерација, Александар Дјуков објави голема вест, а тоа дека започнале преговори за враќање на руските екипи во европските фудбалски турнири во организација на европската фудбалска федерација (УЕФА). Рускиот фудбал доби меѓународна суспензија од крајот на февруари 2022 година, кога започна воениот конфликт во Украина.

Според најавите, сега е дојдено време конечно рускиот фудбал да се врати на меѓународна сцена.

„Во моментов имаме средби на кои се разгледуваат разнични опции за враќање на земјата во европскиот фудал. Верувам дека порано или подоцна тоа ќе се случи, затоа што се менуваат ставовите на останатите федерации“, оптимистички најави Дјуков.

Поради сусппензијата од меѓународните натпреварувања, Русија немаше шанса да се натпреварува на Светското првенство во Катар 2022 година, како и на Европското пренство кое летово се играше во Германија. Во овие три години, ниту една руска екипа не играше официјален меѓународен дуел

- Оглас -

Најнови вести