Финалето на Лигата на Европа е во Билбао, би се обложиле ли дека Атлетик ќе ја освои титулата? (Фото)

Вечерва стартува новата сезона во Лигата на Европа, во првата фаза 36 тима ќе играат во лига исто како Лигата на шампионите, а според имињата, битката ќе биде интересна и неизвесна. Финалето е на 21 мај во Билбао, а тоа е мотивација и за Атлетик Билбао да проба да стигне до мечот за титула на неговиот „Сан Мамеш“.

Главни фаворити за трофејот се Тотенхем, Манчестер јунајтед и Рома, но тука има уште многу клубови кои може да стигнат далеку, како: Реал Сосиедад, Билбао, Порто, Лацио, Ајнтрахт, истанбулските Галатасарај, Фенербахче и Бешикташ, потоа Ајакс, Лион, Ница, итн.

Во 2011 година последен пат се случи титулата во ЛЕ да ја освои клуб (Порто) кој не е од топ 5 лигите во Европа.

- Оглас -

Најнови вести