Нова ера започнува и во Лигата на Европа. Од оваа сезона нема веќе приклучување на екипи кои почуваат во Лигата на шампионите да продолжат во второто по ранг натпреварување на УЕФА.
Токму затоа јасно е дека шампионскиот трофеј на крајот ќе го освои една од 36-те екипи кои стартуваат во првото коло. Аталанта е актуелен освојувач на пехарот, но овој италијански тим сезонава игра во Лигата на шампионите, па јасно е дека трофејот ќе добие нов сосптвеник.
Многу калкулации, предвидувања, типувања и анализи има за тоа како ќе се одивива оваа сезона во Лигата на Европа. Суперкупјутер на Опта аналитикс направи 10.000 калкулации за тоа како ќе се одвива Лигата на Европа и кои клубови имаат најголеми шанси да стигнат до тронот.
Португалскиот гигант Порто, кој има две титули во Лигата на шампионите, односно Купот на Европски шампиони (1987 година и 2004 година), а двапати е освојувач и во Лигата на Европа, односно Купот на УЕФА (2003 година и 2011 година), сега е прв фаворит за трофејот.
Според калкулациите, Порто има 17,8 отсто шанси да биде шампион во Лигата на Европа. Потоа следува Атлетик Билбао (10,9 отсто), клубот на чиј стадион ќе се игра финалето, па Баскијците ќе имаат дополнителен мотив да бидат најдобри.
Меѓу најголемите фаворити за трофејот, според калкулациите на Опта, се и: Славија Прага 9,6 отсто, Тотенхем 8,6 отсто, Рома 8,2 отсто, Манчестер јунајтед 7,1 отсто, Лацио 6,1 отсто, Галатасарај 5,2 отсто…
Во Sport Life има одлична понуда за обложување за тоа кој клуб ќе биде шампион во Лигата на Европа, а квотите за тоа може да ги погледнете ТУКА.