Меси си оди од Интер Мајами следната година и ќе се врати дома!

Еден од најдобрите фудбалери на сите времиња, Лионел Меси, нема да го продолжи договорот со Интер Мајами на крајот на 2025 година, објави шпанскиот весник „Ел Насионал“.

Според изворот, 37-годишниот играч има намера да се врати во татковината за да ја заврши кариерата во Њуелс олд бојс, каде што ги направи првите сериозни чекори во фудбалот.

Меси се пресели во Интер Мајами во летото 2023 година. За клубот одигра 32 натпревари, постигнувајќи 27 гола и 17 асистенции. Многумина мислат дека Меси го одбра Интер и поради Светското првенство во 2026 година, кое се игра во САД, Канада и Мексико, па ако пред Мундијалот си замине од Мајами, би било изненадување.

Во 2016 година Меси изјави: „Ако утре би се вратил во Аргентина, што би сакал да направам, би играл само за Њуелс“.

- Оглас -

Најнови вести