Кристијано Роналдо со гол од пенал уште еден чекор поблиску до 1.000-ката

Ал-Наср го победи Ал-Вехда со 2-0 во средба од петтото коло сезонава на саудиската фудбалска лига. Еден од двата гола за Ал-Наср го постигна Кристијано Роналдо, од пенал, и тоа е негов 903-ти погодок во кариерата.

За Ал-Наср ова е трета победа, имаат 11 бода од можни 15, а Роналдо кој ја носи капитенската лента, направи нов чекор кон целта која си ја постави, да стигне до неверојатна бројка од 1.000 голови во кариерата.

 

- Оглас -

Најнови вести