Легендата Балак пред дербито: Ако Баерн го победи Леверкузен…

Поранешниот капитен на германската фудбалска репрезентација, Михаел Балак, пред утрешниот дерби натпревар од Бундеслигата помеѓу Баерн Минхен и актуелниот шампион Баер Леверкузен, даде свое мислење за дуелот на неговите поранешни клубови кои и сезонава се главни кандидати за титулата.

„Тоа ќе биде извонреден натпревар и може да биде клучен како ќе оди лигата во текот на оваа сезона. Ако Баерн победи, ќе биде многу тешко за конкуренцијата, не само за Леверкузен. Убеден сум во тоа. Ако Леверкузен победи, многу работи ќе се променат“, вели 48-годишниот Балак.

Баерн во моментов има три бода пред Леверкузен.

Балак не е изненаден од силната форма на Баерн под водство на новиот тренер Венсан Компани.

„Од моето лично искуство знам дека кога доаѓа нов тренер, особено во таков врвен тим, има нов почеток. Сите фудбалери мора да се докажат пред тренерот и тоа секогаш води до силен настап, барем во првите недели. За разлика од претходната сезона, Баерн сега има голем моментум. Ако Баерн е во форма, фит, и се забавува играјќи, тогаш тие се едноставно врвни. Тогаш многу малку тимови во Европа можат да го задржат, секако не во Бундеслигата“, заклучува некогашниот фудбалер.

- Оглас -

Најнови вести