Ремек дело на Меси, но Интер Мајами и трет натпревар по ред не успеа да победи (Видео)

Интер Мајами и трет натпревар по ред не успеа да победи во МЛС лигата и одигра само нерешено, овојпат 1-1 против Шарлот на домашен терен. Гостите имаа водство преку Свидерски во 57-мата минута, но Лионел Меси со фантастичен гол од далечина во 67-мата минута го израмни резултатот и ги постави конечните 1-1 во Мајами.

И покрај тоа што трет натпревар по ред играат нерешено, Интер Мајами останува убедливо прв во Источната конференција со 65 бода, односно осум повеќе од Колумбус. До крајот на регулариот дел од МЛС лигата треба да се одиграат уште три кола.

- Оглас -

Најнови вести