Прв пораз на Торино, мешаница при врвот на табелата во Серија А

Лацио го победи Торино со 3-2 во интересен натпревар од италијанската Серија А, па сега останаа само Јувентус и Емполи како непоразени екипи сезонава.

Торино пропушти прилика со победа да се искачи на прва позиција, лидер остана Јувентус, но вечерва Старата дама може да биде симната од Наполи. Во моментов, разликата од првиот до седмиот на табелата е само два бода, а може да станат и осум тима во два бода разлика ако Емполи денеска освои бод или три.

Лацијалите имаа 2-0 во средина на второто полувреме. Торино намали во 67-ма, а во 89-та минута гол за потврда на победата на римјаните постигна Нослин, фудбалер кој во игра влезе само 30 секунди пред голот. Домашните не се предаваа, дадоа уште еден убав гол во 92-ра минута, но тоа беше само за утеха.

- Оглас -

Најнови вести