ВАР предизвика контроверзии во Турција, Барди стартер во победата на Трабзон (Видео)

Фенербахче победи со 2:0 на гостувањето кај Анталијаспор во меч кој ќе се ппамти и по еден спорен момент. Уште во втората минута фаворитот имаше шанса да се израдува на гол, но судиите проценија дека нема гол.

Играчот на Анталијаспор Вејсел Сари ја исфрли топката од самата гол линија, а по прегледувањето на ВАР снимката, судиите одлучија дека не е гол.

Сепак според некои кадри, топката со целиот свој обем ја поминува гол-линијата.

И по оваа спорна ситуација, Фенербахче продолжи да напаѓа и во второто полувреме постигна два гола, доволни за три бода. Со оваа победа, Фенербахче стигна до 16 бодови од седум кола и е на три бода заостанување зад лидерот Галатасарај, кој вчера ремизираше 2:2 на домашен терен против Касимпаша.

Енис Барди беше стартер и одигра едно полувреме за Трабзонспор во триумфот над Коњаспор. По првото полувреме Трабзон имаше предност со 2:1, а во вториот дел двата тима постигнаа по еден гол и на крајот домаќините славеа со 3:2. За Трабзон ова е прва победа, откако на претходните пет меча одигра нерешено.

- Оглас -

Најнови вести