Барселона за купување на нови фудбалери последниве две години потроши околу 100 милиони евра, но дел од клубовите се уште ги чекаат парите за фудбалерите кои ги продале.
Така „каталонците“ на Лидс му должат 42.5 милиони евра уште од 2022-рата за трансферот на Рафиња. Манчестер сити чека исплата на 26 милиони евра за трансферот на Феран Торес, додека за Роберт Левандовски должат уште 21 милион евра. Во редот за исплата е и екипата на Севиља, која минатата сезона се најде во финансиска криза. На клубот од Андалузија му се должат 24.5 милиони евра за Кунде.
Според шпанските медиуми, трпението кај екипите е при крај, па доколку исплатите не започнат во скоро време, не е исклучена ниту судска разрешница на случаите.