Анчелоти и Перес се договорија: Во Реал се враќа фудбалер кој си замина во 2017

Реал Мадрид оваа сезона мака мачи со повредите на фудбалерите, а најкритична е состојбата со дефанзивците. Токму затоа Флорентино Перес и Карло Анчелоти одлучиле зимава да ангажираат дефанзивец, а изборот паднал на фудбалер од Рома, кој потекнува од академијата на Реал Мадрид.

Дваесет и деветгодишниот Марио Ермосо е изборот на Реал Мадрид, фудбалер кој во 2017 направи трансфер во Еспањол за 12,5 милиони евра, а потоа за 25 милиони евра беше продаден во Атлетико Мадрид. Ермосо додека беше во Реал Мадрид, беше испратен на позајмица во Ваљадолид.

Фудбалерот има договор со Рома до 2027 година, но неговата моментална вредност е 18 милиони евра, а Кралскиот клуб нема да има проблем да плати дури и малку повисока сума од оваа. Секако, тука во преден план ќе биде и желбата на Ермосо да се врати во матичниот клуб.

- Оглас -

Најнови вести