Легендарниот француски фудбалер и освојувач на Светското првенство во 1998-мата година, Емануел Петит, има интересна теорија околу трансферот на Килијан Мбапе во Реал Мадрид и вели дека тоа е голема грешка и за клубот и за самиот фудбалер, бидејќи кога игра егото, не игра фудбалот.
„Сигурен сум дека Карло Анчелоти и некои фудбалери на Реал Мадрид не сакаа клубот да потпише со Килијан Мбапе. Анчелоти беше на седмо небо после освојувањето на Лигата на шампионите и мислам дека сакаше да земе два или три фудбалери. Кога освојувате големи трофеи, вие градите среќа, но кога ќе внесете големо его, тогаш се се менува. Најголемиот проблем за Мбапе е што има двајца соиграчи, Белингам и Винисиус, кои исто како и него се големи ѕвезди. Тој сака да биде во центарот на вниманието и да освои Златна топка. Рано е да се каже дали подобро ќе му беше во Ливерпул. Сега треба да покаже дека има карактер и ментална сила. Мора да покаже дека е еднаков на Меси и Роналдо.“ – вели легендарниот француски репрезентативец, Емануел Петит.