Ферстапен во Лас Вегас може да ја осигура титулата во Ф1

Макс Ферстапен призна дека е изненаден што ќе стартува пред Ландо Норис, неговиот единствен преостанат ривал за титулата во Формула 1 за 2024 година, на утрешната Гран при трка на Лас Вегас.

Холандскиот возач ќе има можност да ја обезбеди титулата ако загуби не повеќе од две поени во однос на Норис, но самиот истакна дека е тешко да се предвиди дали тоа ќе биде возможно.

Во квалификациите, Џорџ Расел успеа да ја освои пол-позицијата по дуелот со Карлос Саинц, додека Ферстапен и Норис ќе стартуваат од третиот ред.


Ферстапен го прокоментира и изборот на задното крило на Ред Бул, кое според доктор Хелмут Марко не е идеално за патеката во Лас Вегас. Според Ферстапен, Ред Бул нема такво крило веќе три години за да заштеди буџет, но додаде дека тимот ќе ја разгледа оваа стратегија за во иднина.

„Се обидовме да го направиме најдоброто што можеме. Тестиравме различни пристапи за да ја пронајдеме вистинската насока и мислам дека успеавме, но очигледно тоа не беше доволно за борба за пол-позицијата. Сепак, задоволен сум што сме пред Мекларен, што е изненадување. Во однос на титулата, сè уште е рано да кажам дали ќе ја обезбедам утре. Имавме повисока деградација на гумите на тренинзите, но ќе видиме како ќе се развива трката“, изјави Ферстапен.

Трката стартува во 7 часот наутро по македонско време, па сите вљубеници кои сакаат и дополнителна возбуда со квотите од Sport Life, ќе треба вечерва да ги уплатат тикетите. Имате огромна понуда, за победник, за најбрз круг, дуели на возачи, конструктори…

- Оглас -

Најнови вести