Заработува половина милион евра неделно, а Халанд може да оди во затвор за неплатени 65 евра

Норвешкиот фудбалер Ерлинг Ханалд може да заврши во затвор на еден ден доколку реши да влезе во Швајцарија. Халанд има неплатена казна од 60 франци (околу 65 евра) поради сообраќаен прекршок, па доколку не го подмири тој долг, може да биде уапсен и да биде однесен во затвор за да ги „одработи“ тие 65 евра казна, пишува швајцарски Блик.

Сепак, ситуацијата може многу лесно да се реши затоа што Халанд при влезот во Швајцарија може веднаш да побара да ја плати казната и да ги избегне понатамошните компликации.

Се очекува Халанд да биде во Швајцарија за време на Божиќните празници, затоа што таму живее неговиот татко, па во скоро време може да се очекува оваа казна да биде платена. Фудбалерот кој должи околу 65 евра, се очекува во скоро време да го продолжи договорот со Сити и да потпише договор според кој ќе има неделна плата од околу 500.000 евра.

- Оглас -

Најнови вести