Многу емоции на „Месталја“, Валенсија победи во чест на жртвите од поплавите (Видео)

Се врати фудбалот во Валенсија по тешките мигови и големиот број жртви што донесоа поплавите. На „Месталја“ денеска гостуваше Бетис, а тимот на Столе Димитриевски славеше со 4-2.

Македонскиот репрезентативец беше на клупата за резерви, а херој на домашниот тим беше Хуго Дуро кој постигна два гола за Валенсија. Во листата на стрелците се запишаа и Сезар Тарега и Диего Лопез.

Хуго Дуро си постигна и автогол, а вториот гол за Бетис беше дело на Чими Авила.

- Оглас -

Најнови вести