Италијанскиот првак Интер оствари убедлива победа (0-5) на гости против Верона и во овој момент се искачи на врвот на табелата во Серија А со 28 бода. Сите пет гола тимот на Симоне Инзаги ги постигна во првото полувреме.
Хоакин Кореа во 17-та минута донесе водство, а потоа следеа два гола на Маркус Турам.
До крајот на првиот дел погодија и Стефан де Фрај и Јан Бисек, па гостите во вториот дел можеа да сочуваат и дел од силите за мечот против Лајпциг во Лигата на шампионите во текот на следната недела.