Атлетико Мадрид со 2:1 го победи Алавес во меч од 14 коло на шпанската Примера дивисион. Овој меч беше посебен за тренерот на Атлетико, Диего Симеоне кој по јубилеен 700-ти пат беше на клупата на овој тим. Тој е првиот тренер во историјата на шпанското првенство што предводел еден тим на 700 натпревари.
Diego Simeone becomes the first-ever coach to manage 700 games with the same La Liga club in all competitions.
After 700 games, the Atlético Madrid manager has:
Wins – 413
Draws – 156
Losses – 131 #3Sports pic.twitter.com/IRcQBj7X0Z— #3Sports (@3SportsGh) November 23, 2024
Малку фалеше Алавес да му го расипе јубилејот на Симеоне, затоа што гостите поведоа со голот на Гуриди од пенал седмата минута. Атлетико Мадрид се мачеше да го пробие бедемот на противникот до 15 минути пред крајот.
Тогаш беше досуден пенал за домаќините, а Антоан Гризман погоди за 1:1. Пресвртот беше комплетиран во 86 минута кога Александер Сорлот погоди за 2:1 и голема радост за фановите на тимот од Мадрид.
Atletico Madrid [2]-1 Deportivo Alaves Sorlorth ´86
byu/Golden_Attitude insoccer