Неколку дерби-дуели посебно го привлекуваат 12-тото коло на Спортската прогноза во која стандардно има 13 натпревари. Хајдук во Сплит е домаќин на Динамо Загреб, а над 50 отсто од прогнозерите очекуваат да биде нерешено.
Во Бундеслигата, Борусија Дортмунд ќе го пречека Баерн Минхен, а прогнозерите се многу убедени дека гостите се фаворити. Речси две третини од прогнозите се дека Баерн ќе победи, а едвај 10 отсто чекаат три бода да освојат Милионерите.
Специјално шоу ќе има и во Прмеиер лигата, каде што лидерот Ливерпул му е домаќин на Манчестер сити. Ова се двата тима кои доминираат во англиското првенство во последните неколку години, па ова е еден вид „дерби за титула“.
И останатите девет меча се привлечни и интересни за прогнозирање, а за сите кои се дел од ова коло, главен предизвик е да се погоди Среќна 13-ка, односно да се погодат фиксовите на сите 13 понудени парови. За експертот кој ќе биде перфектен следува еден од подароците (Смарт ТВ самсунг 55” 4K, Xiaomi електричен тротинет, PlayStation®5).
За 12 погодени фиксови, прогнозерот ќе добие вредносен ваучер од 1.000 денари, додека за третото место прогнозерот ќе добие ваучер од 500 денари.