Манчестер сити ќе ја спасува сезоната со засилување од Јувентус

Англискиот првак Манчестер сити размислува да го ангажира 26-годишниот Бразилец Даглас Луиз како замена за повредениот Родри, кој ќе ја пропушти целата сезона. Овој проблем го загрижува актуелниот шампион на Премиер лигата, кој сака да донесе адекватна замена, затоа што очигледно дека не може да се потпира само на тековниот играчки кадар.

Даглас Луиз моментно е дел од Јувентус, каде што пристигна за 50 милиони евра во летниот трансфер-период од Астон вила. Луиз во минатата сезона во Премиер лигата имаше извонреден учинок: постигна девет гола и забележа пет асистенции во 35 настапи, играјќи вкупно 3002 минути.

Иако се очекуваше дека ќе продолжи со добрите игри во Јувентус, тој досега не го достигна својот врв. За тимот на Тијаго Мота, Луиз одигра девет натпревари, од кои само два како стартер.

Даглас Луиз во моментов има вредност од 55 милиони евра. Манчестер сити најверојатно ќе се обиде да го ангажира на позајмица до крајот на сезоната, со опција за откуп на договорот.

- Оглас -

Најнови вести