Ливерпул веќе заработи 70 милиони евра од ЛШ сезонава, вистинско богатство има и за Црвена ѕвезда и за Динамо Загреб

Пет кола се одиграа во групната фаза од Лигата на шампионите, натпреварување кое сезонава е во нов формат и кое првпат има 36-мина учесници. Европската фудбалска куќа (УЕФА) ги зголеми бонусите и наградите за сите учесници.

Самото учество во групната фаза од ЛШ значеше и бонус од 18,62 милиони евра за сите клубови. На тоа се додаваат и петгодишниот коеифицнет на клупската листа на УЕФА, како и десетгодишниот коефициент, плус бонусите заработени од постигнатите резултати во досега доиграните пет кола.

Колку за пример: српскиот првак Црвена ѕвезда покрај 18,62 милиони евра за пласман во групната фаза, потоа 3,74 милиони евра како бонус за петгодишниот коефициент, плус 3,11 милиони евра како бонус за десетгодишниот коефициент на Црвено-белите на УЕФА ранг-листата. За победата над Штутгарт од 5:1, во касата на Црвена ѕвезда ќе се влеат и дополнителни 2,1 милиони евра, пари кои се даваат за секоја победа во ЛШ сезонава. Според овие пресметки, Црвена ѕвезда сезонава досега има заработено 27,573 милиони евра, според пресметките на специјализираниот Football Mets Data.

Ливерпул, кој е единствен со перфектен биланс од пет победи во пет натпревари сезонава, веќе има заработено над 70 милиони евра. Потоа следуваат уште девет клуба кои се со заработка над 60 милиони евра, а тука се: Манчестер сити, Баерн Минхен, Борусија Дортмунд, ПСЖ, Интер, Реал Мадрид, Барселона, Баер Леверкузен и Арсенал.

Од екс-ју екипите кои се дел од ЛШ, Динамо Загреб сезонава веќе има заработено 33,383 милиони евра, што е само доказ дека со вистинско работење, во правилни инвестиции во клубот, добивките може да бидат многу големи и да се биде рамо до рамо со најголемите клубови во Европа.

- Оглас -

Најнови вести