Фудбалската јавност во Македонија, но и во регионот, беше воодушевена од реакцијата на судијата Дарко Радески, кој на првенствен натпревар од Третата лига – Запад со брза реакција успеа да му го спаси животот на фудбалерот на Речица. Токму Радески ќе се обиде да го погоди хуманитарниот тикет со Sport Life и да ги донира средствата онаму каде што ќе бидат најпотребни.
„Настанот во Речица е голема сатисфакција за мене. Не ми требаат награди, најголемата награда за мене е што спасив човечки живот. Господ беше со мене во тие моменти, веднаш сфатив што се случува и брзо реагирав. Сакам да ви се заблагодарам на вас, на Спорт Манија, што се сетивте на мене да поразговараме за оваа ситуација која на крајот среќно се заврши. Морам да кажам дека единствените кои ми се јави во тие моменти беа претседателот на судиската организација при ОФС Тетово, Иса Емурли, како и кондициониот тренер на судиите, Сашо Данески, и освен нив, никој друг од Фудбалската федерација на Македонија не се сети да ми честита. Секако, колегите судии, фудбалерите и фудбалските работници ми честитаа, но тоа не го стори ниту еден фудбалски функционер, ниту од ФФМ, ниту од ОФС“, вели Радески.
Дарко Радески пред да ја започне судиската кариера, настапуваше за голм број македонски екипи, беше младински репрезентативец, но и интернационалец во српскиот клуб Чукарички.
„Пред крајот на мојата кариера започнав со судењето и одреден период паралелно играв и фудбал и бев фудбалски судија. Потоа прекинав со судењето и уште две години играв само фудбал, па конечно одлучив дека останувам во фудбалот, но како судија. Единствената причина поради која се одлучив играчката да ја заменам со судиска карера беше големата љубов кон фудбалот“, додава Радески.
Судиите секогаш се на „удар“ во Македонија и секогаш некој има некаква забелешка на нивната работа, па прашањето кое само се наметнува во разговоров е: Што е поквалитетно во Македонија, фудбалот или судењето?
„Јас како судија секако дека ќе речам дека судењето во Македонија е на многу повисокот ниво за разлика од фудбалот кој се игра во нашите лиги. Постојано сме на обуки и семинари, работиме по највисоките европски стандарди и за разлика од фудбалерите, ние остануваме во Македонија. Секој квалитетен фудбалер уште многу млад заминува од Македонија и ја продолжува кариерата во странство, па така се губи на квалитетот, додека ние постојано се надградуваме и тука е разликата помеѓу судењето и фудбалот кој се игра кај нас“, вели Дарко Радески.
Во продолжение Хуманитарниот тикет на Дарко Радески.