Резерва на Бостон за помалку од 5 минути даде 19 поени и тоа во последната четвртина (Видео)

Бостон селтикс победи на гостувањето кај Чикаго булс со 138-129 во најефикасниот синоќешен меч од НБА лигата, а јунак беше резервата Пејтон Причард кој во решавачката последна четвртина имаше еден неверојатен период од нешто помалку од пет минути во кој постигна дури 19 поени.

Тејтон со 35 поени беше прв стрелец на Келтите, но Причард беше незапирлив и погодуваше кога најмногу беше потребно и тој е најзаслужен за победата. Со оваа победа, седма по ред, НБА првакот си ги задржа шансите за трофеј и во НБА купот, но за да влзе во четвртфиналето ќе му треба помош и од други екипи.

Следен меч за првакот е гостување кај Кливленд, и ако успее да ги победи Кавалирс, тимот од Бостон ќе избие на прво место на табелата во Источната конференција.

Прв тим од Истокот кој обезбеди место во НБА купот е Атланта хокс. Јастребите беа подобри од Кливленд со 117-101 и на за Кавалирс тоа е трети пораз сезонава. Во одлична форма е Орландо кој има 11 победи на последните 12 меча, овојпат Магичните го совладаа Бруклин со 123-100.

Оклахома Сити тандер со 101-93 го надигра ЛА Лејкерс и остана лидер на табелата на Западот. За Тандер тоа е четврта победа едноподруго, а Шај Гилџиус-Александер придонесе со 36 поени од кои 15 во последната четвртина.

Џејлен Браун имаше „постер“ забивање на дуелот со Чикаго и тоа е еден од најатрактивните потези видени синоќа во НБА:

- Оглас -

Најнови вести