Судењето на тенискиот светски рекет број 1, Јаник Синер, во Судот за спортска арбитража во Лозана се очекува да трае најмалку до февруари 2025 година, и конечната одлука нема да биде донесена пред средината на вториот месец од следната година.
Сагата започна во март кога Синер двапати беше позитивен на забранетата супстанција клостебол. Според италијанскиот тенисер, супстанцата навлегла во неговото тело преку крема што ја користел неговиот тогашен физиотерапевт Џакомо Налди за лекување на исечена рана. Количината на клостебол била премногу мала за да влијае на перформансите на Синер, но откако случајот излезе во јавноста, Налди беше отпуштен.
Сепак, Светската анти-допинг агенција (ВАДА) ја оспори одлуката на италијанскиуте колеги, велејќи дека дадените податоци се недоволни. ВАДА побара целосна документација за случајот и поднесе жалба до Арбитражниот суд.
И покрај правните неволји, Синер ја заврши сезоната на феноменален начин. Прво ја освои титулата на САД опен, па триумфираше на Мастерсот во Шангај, на завршниот АТП турнир, и со репрезентацијата на Италија го освои Дејвис купот.