Може да биде историски викенд за скијањето, Шифрин оди по магичната 100-та победа

Велеслаломската трка која се вози попладнево во американскиот ски-центар Килингтон, може да влезе во историјата на алпското скијање, бидејќи Микаела Шифрин има прилика да стане првата со 100 победи на трки од Светскиот куп.

Шифрин во моментов е на 99 победи, 13 повеќе од вториот најуспешен во историјата, Ингемар Стенмарк, и 17 повеќе од нејзината сонародничка Линдзи Вон. Од овие 99 победи на Шифрин, 22 се во велеслалом, и денеска ќе биде меѓу главните кандидатки за триумф, иако нејзина главна специјалност е слаломот.

Слаломска трка во Килингтон ќе има утре, па ова е викендот во кој Микаела и тоа пред домашната публика може да направи нешто што после неа уште долго нема да го видиме, а тоа е некој да има 100 победи во СК во алпско скијање.

 

- Оглас -

Најнови вести