Лос Анџелес лејкерс беше подобар од Далас маверикс со 107-99 во првиот натпревар на Лука Дончиќ против својот поранешен тим од кој беше преселен во Лејкерс пред три недели.
Словенецот имаше трипл-дабл од 19 поени, 15 скока и 12 асистенции и беше трети стрелец во својот тим зад Леброн Џејмс и Остин Ривс, но со сестраноста даде голем придонес за победата. На Дончиќ не му одеше шутот, но го направи првиот трипл-дабл како играч на Езерџиите. Првиот меч на Дончиќ во Далас како играч на Лејкерс ќе биде на 9 април и тогаш ќе биде уште поинтересно.
Кајри Ирвинг даде 35, Клеј Томпсон 22 поени за Далас, но немаа голема поддршка од останатите. Ентони Дејвис не играше поради повреда.
Од синоќешната програма за издвојување се и убедливите победи на Кливленд над Орландо од 122-82 и на Голден стејт против Шарлот од 128-92, а спектакл со 299 поени имаше во Мемфис, каде што Гризлис го победија Феникс санс со 151-148 во меч на којшто имаше и продолжение.
Ова е најатрактивната асистенција на Дончиќ синоќа, потсетувајќи на своите потези од времето кога играше за Далас изминатите години:
LUKA BEHIND THE HEAD ASSIST TO REAVES FOR 3 🔥 pic.twitter.com/kMdWhuVmty
— Bleacher Report (@BleacherReport) February 26, 2025