Прогнозерите ретко кога се толку поделени за еден дерби-дуел, во Шпанија се играат двата најсигурни дуела

Два дуела од италијанската Серија А се во фокусот на 22-рото коло од Спортската прогноза. Наполи го пречекува Интер во дуел на двата тима кои се борат за титулата во Серија А. Актуелниот првак Интер е лидер со еден бод повеќе од Наполи, но сега Наполи е домаќин и има шанси тимот од југот на Италија повторно да се врати на врвот во Премеир лигата.

Прогонозерите се поделени за овој дерби-меч кој ќе се игра на „Диего Армандо Марадона“. Во победа на Наполи веруваат 26 отсто од прогнозерите, за „двојка“ на Интер веруваат 27 отсто од прогнозерите, а очекувано најголем број очекуваат да биде нерешено.

Второто дерби ќе биде на „Сан Сиро“, каде што Милан е домаќин на Лацио. Над 75 отсто чекаат Милан да победи, а „двојка“ за тимот од Рим чекаат само пет отсто од прогнозерите.

Една од сигуриците треба да биде победа на Жирона на свој терен против Селта Виго затоа што над 80 отсто чекаат да биде „кец“. Иста е ситуацијата и за дуелот Мајорка – Алавес бидејќи над 85 отсто чекаат победа на домаќинот.

Како и во секое коло и овојпат главен предизвик за сите е да се обидат да ги погодат сите 13 фикса на понудените мечеви. Прогнозерот кој ќе успее да биде перфектен и да погоди 13 мечеви ќе си одбере еден од подароците (Смарт Тв Самсунг 55” 4K, Xiaomi Електричен Тротинет, PlayStation®5). За 12 погодени следува вредносен ваучер од 1.000 денари во Sport Life, а за 11-ка ваучерот е 500 денари.

- Оглас -

Најнови вести