Реал има четири порази во последните пет меча, но „доктори“ се за дуелите против вечниот ривал Барселона

Пет меча се играат во 27-мото коло на кошаркарската Евролига, а, секако, во фокус ќе биде Ел Класико во кое Реал Мадрид е домаќин на Барселона. Двата тима се во лоша форма. Кралскиот клуб има четири порази во последните пет меча во Евролигата, додека Барселона загуби трипати во последните пет средби.

По оваа очајна низа, Реал падна дури на 11-тото место на табелата, што значи дека е во позиција која не носи пласман во следната фаза. Иако се работи за дуел против вечниот ривал, Реал доминира речиси една година во пресметките со Барселона. Мадриѓаните победија на последните шест дуели против каталонскиот гигант.

Црвена ѕвезда во Белград е домаќин на Жалгирис и е фаворит за победа. Црвено-белите имаат сè во добар ритам и победија на четири од последните пет меча во Евролигата, додека ситуацијата со Жалгирис е сосема поинаква и тимот од Литванија загуби четирипати во последните пет дуели.

Екстра богата е понудата на Sport Life за кошаркарите кои ќе бидат на теренот и колку поени, асистенции и скокови ќе имаат.

- Оглас -

Најнови вести