Пике: „Ако сум ѝ потребен на Барселона, тука сум“

Жарарт Пике е вистинска легенда на Барселона. Настапуваше за „Каталонците од 2008 до 2022 година, период во којшто собра 397 настапи. Каталонецот сега даде по малку чудна изјава, со која можеби најавува дека ќе влезе во трката за претседателската функција во клубот.

„Нема потреба да бидам претседател на Барселона. Но, од друга страна, мислам дека ако еден ден видам дека на клубот му треба некој како мене, кој израснал таму, ги чувствува боите на клубот, го знае одвнатре клубот и ги разбира навивачите… Ако еден ден навистина му треба ова на клубот, ќе бидам должен да одговорам бидејќи Барса ми даде сè, апсолутно сè“, рече Пике.

Според планираното, претседателски избори во Барселона треба да се одржат во 2026 година.

- Оглас -

Најнови вести