За Нејмар само еден е „фудбалски крал“, а тоа не се ниту Меси, ниту Кристијано или Роналдињо

Нејмар ја имаше таа среќа во својата кариера да настапува во иста екипа со фудбалери кои важат за едни од најдобрите на денешницата. Лионел Меси, Килијан Мбапе, Луис Суарес, Роналдињо, но Бразилецот има свој фаворит за најдобар на сите времиња.

„Не дека не сакав да бидам крал, но за мене постои само еден фудбалски крал, тоа е Пеле. Многу работи се случија, имав многу повреди, така сакаше Бог, не сум тажен, баш напротив. Многу сум задоволен со мојата приказна и мојот живот. Постигнав речиси сè за што сонував. Многу сум му благодарен на Бог. Ова е најважно за мене“, рече Нејмар.

Не е изненадување што Нејмар го избра Пеле, но многумина очекуваа дека негов избор ќе бидат Роналдо или Роналдињо, како и Меси, со кого е многу добар пријател.

- Оглас -

Најнови вести