Гатузо одлучи, си оди од Милан на крајот од сезоната

Џенаро Гатузо ќе си замине од Милан по завршување на сезоната, без разлика дали повеќекратниот италијански шампион ќе успее да обезбеди настап во Лигата на шампионите, или не.

Ненадминливи се разликите меѓу популарниот Рино и спортскиот директор на клубот Леонардо, објавува „Газета дело Спорт“.

Кавга меѓу нив имало по поразот на Милан од Интер во градското дерби, а односот им е исклучително заладен, пишуваат новинарите на реномираниот италијански медиум. И додаваат дека Гатузо веќе донел одлука да си замине ова лето, иако не станува збор за преселба во друг клуб, бидејќи засега нема конкретна понуда.

Милан и покрај серијата од три меча без победа се уште има добри шанси да го задржи четвртото место кое води во квалификациите за Лигата на шампионите. Можеби и клучен меч им е денешниот во Торино против шампионот Јувентус во дербито на 31. коло од 18 часот.

 

- Оглас -

Најнови вести