Фергусон треба да му го даде клучниот совет на Солскјер за тоа како да се сопре Меси

Европска класика, дуел меѓу Манчестер јунајтед и Барселона на „Олд Трафорд“ е главниот настан во четвртфиналето од Лигата на шампионите. Најтрофејниот англиски клуб ја има улогата аутсајдер, во двомечот против Пари Сен Жермен покажа дека „црвените ѓаволи“ никогаш не се предаваат.

Последен пат европските гиганти во ЛШ играа во 2011 година, и тоа во финалето. На „Вембли“, Барселона славеше со 3-1, а по таа средба, легендарниот менаџер на Манчестер јунајтед, Сер Алекс Фергусон, изјави дека сфатил на кој начин може да се сопре Лионел Меси.

„Морате да имате двајца стопери кои ќе бидат фокусирани само на Меси и да не размислуваат на ништо друго што се случува на теренот. Во таков случај, Меси бега на страна, а таму не е толку опасен како што е опасен кога игра во средината. Откако го видов тоа, си реков: Кога следен пат би играл против Барселона, би играл со Џонс, Смолинг и Еванс пред Меси. Нема да му дозволам повторно да нѐ измачува“, напиша Фергусон во својата автобиографија објавена во 2013 година.

Манчестер и овојпат сигурно ќе се мачи да го сопре Меси. Аргентинецот сезонава даде 33 погодоци во Примера дивисион, а во Лигата на шампионите даде шест гола во досегашните 10 средби.

 

- Оглас -

Најнови вести