Битка до последен здив во НХЛ, време е за седма рунда

Кавај Ленард (Торонто репторс – Орландо меџик, НБА, 01 часот)

Торонто е пресилен за Орландо и веројатно ноќеска триумфално ќе ја заврши стартната плејоф-серија во Источната конференција.

Кавај Ленард очекувано е првото име кај Репторс, Олстар-играчот на Рептилите игра извонредно и безмилосно го полни кошот на противникот.

Редум нижеше 25, па 37, 16 и 34 поени во серијата што почна со изненадување и брејк на Орландо, но како што тргнало, ќе заврши со победа на Торонто од 4:1.

Ленард уште еднаш потврди и на стартот од плејофот дека е светска марка и кога игра како што знае, е назапирлив. Ноќеска од него се очекува да го поведе тимот кон завршен триумф против Меџик за пласман во второто коло, каде што ќе ги чека многу посилен ривал, веројатно Филаделфија 76.

Предлог тип: Ленард > 26.5 поени (1.85)

 

Паскал Сијакам  (Торонто репторс – Орландо меџик, НБА, 01 часот)

Крилото на Торонто е вистинско освежување сезонава и во плејофот, а успеа да ги задржи, дури и да ги подобри бројките во дуелите со Орландо меџик.

Во просек на досегашните четири плејоф–дуели со Меџик, Сијакам има просек од 22,3 поени, што е над индивидуалниот тотал што за петтиот меч се нуди во обложувалниците на Sport Life.

Најопасен противник за играта плус поени кај кошаркарите е да се направи голема разлика во одреден дел од мечот, што повлекува помала минутажа кај главните адути на тимовите.

Очекуваме Орландо да се обиде да пружи посериозен отпор во меч што не смее да го загуби ако сака да продолжи во доигрувањето за титулата во НБА-лигата.

Сиакам >19.5 поени (1.87)

 

Бен Симонс (Филаделфија 76 – Бруклин нетс, НБА, 02 часот)

Навивачите на Филаделфија беа бесни на Бен Симонс по лошата претстава на првиот меч, што 76-те го загубија на домашен терен од Бруклин нетс. И веднаш следуваше Олстар-одговор од еден од најталентираните кошаркарки во НБА-лигата.

Симонс забележа трипл-дабл на вториот плејоф-меч со Нетс, успеа со импресивен настап да ја покрене машината на Филаделфија, па сега тимот е пред завршен триумф и вкупна победа од 4-1, ако ноќеска на свој терен слави четвртипат по ред против Бруклин.

Бен е срцето на дрим-тим петорката на Фили, тој успеа да наметне темпо што не може да го следат противниците, иако по првиот меч имаше впечаток дека Бруклин е пребрз за составот на Филаделфија. Симонс докажа дека не е така, на моменти со неверoјатните пасови и потези потсетува на легендарниот Меџик Џонсон, а Бруклин нема рецепт како да го сопре.

Ја предводи Филаделфија на прагот на второто коло и очекуваме и ноќеска да блеска. Олраунд-бекот на 76-те треба да постигне повеќе од 16 поени за да ја исполни квотата на поени понудена во додаткот за НБА-лигата во Sport Life, а ние ќе типуваме дека ќе ја мине поставената граница.

Предлог тип: Симонс >16.5 поени (1.80)

 

Бостон бруинс – Торонто мејпл лифс (НХЛ, 01 часот)

Дојде моментот на одлука која екипа ќе ги претставува „Оригиналните шест“ во продолжението од шампионатот.

Ова ќе биде епски дуел на две екипи оснавачи на НХЛ, кои ноќеска ќе играат мајсторка за пласман во второто плејоф-коло. Влогот е огромен, значи да се биде или не, а тешко е и да се помисли да се прогнозира исходот.

Торонто трипати водеше во серијата, но искусната екипа на Бостон покажа голем карактер и успеваше да израмни, иако посебен е притисокот кога сте на работ на елиминација.

Имаше одлични шест дуели, а легендарниот „Бостон гарден“ ќе ја понуди одлуката за патникот во второто коло. Досега немаше продолженија во ниту еден од шесте дуели, па можеби е време токму клучниот седми меч да се реши во дополнително време.

Предлог тип: Х (4.00)

 

Сан Хозе шаркс – Вегас голден најтс (НХЛ, 04 часот)

Каква незаборавна програма нуди НХЛ-плејофот за ноќеска. Два исклучително возбудливи дуели, седми и решавачки ќе се играат во првото коло, а покрај за Бостон и Торонто, мајсторката е на ред и за Сан Хозе и Вегас.

Ајкулите прават вистински подвиг, се вратија од работ на бездната и од негатива 1:3 израмнија на 3:3, па сега ќе ја имаат и предноста да играат на свој терен, во ситуација кога се одлучува која екипа ќе продолжи понатаму.

Сан Хозе тргна со победа и со победа може и да ѝ стави крај на интензивната и многу возбудлива серија мечеви со ланскиот финалист.

Вегас имаше сè во свои раце, но прокоцка позитива од две победи. Сега ќе мора најпрво да го сопре налетот на Сан Хозе, да се справи и со френетичната поддршка од трибините за домашниот тим во „САП центарот“ и да го пронајде загубениот рецепт како да се победат Ајкулите.

За нив шокантен беше поразот во претходниот меч. Загубија со гол примен кога противникот имаше хокеар помалку на мразот, и тоа во Лас Вегас и во моменти кога се играше продолжение. Тоа може да влијае психолошки на тимот, но со ланската неверојатна авантура до финалето на плејофот, и тоа како новоформирана екипа во НХЛ, хокеарите на Вегас покажаа дека се психолошки многу силни и квалитетни хокеари.

И тука тешко може да се предвиди исходот, се работи за мајсторка и дуели што имаат посебен шарм, па ќе типуваме дека патникот за второто коло во Западната конфереција ќе се одлучува во дополнително време.

Предлог тип: Х (4.00)

 

- Оглас -

Најнови вести