Сити ќе го освои „Олд Трафорд“, Милан и Баерн целат на нови куп-финалиња

Манчестер јунајтед – Манчестер сити (21 часот)

Најтрофејниот англиски клуб го пречекува актуелниот првак на „Олд Трафорд“. Ова е дуел кој може да го одреди шампионот на Премиер лигата. Настрана калкулациите, Јунајтед посакува победа и ништо друго против градскиот ривал за полесно да се заборави дебаклот од Евертон кој го претрпеа изминатиов викенд. Три бода ќе значат и подвиг на табелата, фудбалерите на Солскјер ќе бидат чекор поблиску до целта која се вика Лига на шампиони.

За Сити ова е меч на сезоната, да се биде или не. Со триумф ќе ја одржат фаворитската улога за одбрана на титулата, додека со пораз или евентуално реми, ќе му остават отворен пат на Ливерпул го англискиот трон. Очекувањата се дека „граѓаните“ ќе слават во ова дерби, а нема да биде изненадување доколу во раната фаза од мечот постигнат гол, како што редовно тоа го правеа во текот на сезонава.

Предлог тип: 2 & 0-29м. (2.65) – квота на денот во Sport Life

 

Милан – Лацио (20:45 часот)

На „Сан Сиро“ ќе се одлучува првиот финалист во Купот на Италија. Милан го пречекува Лацио, а по ремито без голови од Рим, сега „росонерите“ имаат предност, но и поддршка од домашната публика. Милан ќе се обиде трета година во низа да се пласира во финалето, додека Лацио е во шанса за првпат по 2015 година повторно да се најде во битка за трофејот.

Ова полуфинале е реприза од минатата сезона. Тогаш во двата меча не се издвои победник, па се одлучуваше во пенал-рулет кој го доби Милан. Ќе биде вистинска штета и во овој меч мрежите да мируваат, но многу погодоци се реткост кога се соочуваат овие две екипи.

Покрај првиот меч од полуфиналето, Милан и Лацио на двапати се пресметаа во рамки од Серија А, а фудбалерите на Гатузо успеаја да останат непоразени во Рим, додека на домашен терен славеа со минимални 1-0.

Предлог тип: 1X & 2-4 (2.35) – квота на денот во Sport Life

 

Вердер Бремен – Баерн Минхен (20:45 часот)

Тука нема калкулации, победникот ќе се пласира во финале, за поразениот тим ќе остане само разочарување. Баерн има цел пак да се бори за трофејот во Германскиот куп бидејќи лани остана со празни раце поради Ајнтрахт Франкфурт.

Фудбалерите на Нико Ковач се фаворити,бидејќи постот на Вердер против „баварците“ трае повеќе од една деценија. Колку всушност Баерн е неприкосновен во меѓусебните дуелите против екипата од Бремен, говорат 20-те последователни победи.

Ретко кој се сомнева дека Баерн вечерва ќе потфрли, а во финалето веќе ги чека Лајпциг.

Предлог тип: 1-3I & 1-3II (1.80) – квота на денот во Sport Life

 

Вулверхемптон – Арсенал (20:45 часот)

Арсенал ќе се надева на пораз на Јунајтед во градското дерби со Сити, но и „топчиите“ одат на тешко гостување кај Вулверхемптон. Од топ 6 екипите, само Ливерпул и Тотенхем оствариле триумф на „Молињу“ оваа сезона, така што Унаи Емери знае дека неговите фудбалери ќе треба да одиграат максмилно за да дојдат до трите бода.

Шокот од Крислат палас на домашен терен уште им е во мислите, а „волците“ сето тоа може да го искористат и да приредат ново изненадување. Сепак, треба да се земе предвид дека Вулверхемптон нема остварено триумф против Арсенал во поновата историја. Од вкупно 12 дуели во сите натпреварувања, 11 ги доби екипата од Лондон, а само еден меч заврши со реми од 1-1.

Предлог тип: ГГ3+ (2.12)

 

Атлетико Мадрид – Валенсија (19:30 часот)

Атлетико повеќе не може да се надева на титула во Шпанија, таа е веќе резервирана за Барселона. Но, „јорганџиите“ имаат цел сезоната да ја завршат пред градскиот ривал Реал Мадрид на табелата. Засега тоа им оди во полза, Атлетико е четири бода пред Реал на пет кола до крајот од првенството.

Вечерва на прекрасниот „Метрополитано“ им гостува Валенсија, екипа против која негуваат позитивен биланс веќе подолго време. Ретко кога „лилјаците“ заминувале со бодови од Мадрид, последен пат славеа пред навивачите на Атлетико во 2011 година.

Во последните пет меѓусебни меча, Атлетико се радуваше трипати, а на останатите два дуели не се издвои победник. Исто така, на ниту еден меч од овие пет не се постигнале повеќе од три гола.

Предлог тип: 1X & 2-3 (2.45)

- Оглас -

Најнови вести