Ќе има ново гол-шоу на „Камп Ноу“

Тотенхем – Вест Хем (13.30 часот)

Тотенхем е во позиција со победа да си го запечати новото учество во Лигата на шампионите, па ова е шанса што не се пропушта. Особено против тим што игра лошо во последно време, има серија од 4 меча без победа и нема за што да игра, освен за престиж.

Вест Хем како да се „распадна“ во финишот на сезоната, имаше неколку неуспеси на дуели на кои загуби многу лесно, но во вакви дуели мотивите се големи. Се работи за градско дерби, Вест Хем и покрај лошите резултати во серија, има солиден состав и може да му биде сериозен ривал на Тотенхем.

Домаќините ќе мора да мислат и на двомечот со Ајакс во Лигата на шампионите, но и мораат да победат денеска.

Предлог тип: 1&3+ (2.05) Квота на денот Sport Life

 

Болоња – Емполи (15 часот)

Ова е дуелот што може да го даде одговорот за третата екипа која ќе се пресели во Серија Б. Емполи со 29 бодови е во многу понезавидна ситуација од Болоња, а разликата е пет плус за 7-кратниот италијански првак.

Меѓу двете екипи е Удинезе со 33 бодови и од овие три екипи, плус Џенова ќе се бара последниот патник за понизок ранг.

Болоња е во подобра форма со серија од три меча без пораз, за разлика од Емполи, кој нема успех на последните три дуели.

Гостите имаат и многу поголеми проблеми со повредите. Ла Гумина, Полвани и Силвестре речиси сигурно нема да играат, а неизвесен е настапот на уште петмина фудбалери.

Домаќините се во предност, во некоја варијанта им одговара и реми, опција што не е добра за Емполи, екипа која мора да победи за да фати приклучок во борбата за опстанок.

Предлог тип: 2>1 (1.98)

 

Борусија Дортмунд – Шалке 04 (15.30 часот)

Дербито на „Рур“ е едно од најголемите и најзначајни во Европа, а исходот секогаш е неизвесен без разлика на позицијата на табелата на двата тима.

Борусија е фаворит, бие жестока битка за титулата во Бундеслигата, но ова е посебен меч и за двете екипи. Шалке 04 не игра добро, сезоната во Германија им е за заборав и уште го немаат обезбедено опстанокот.

Гостите ги мачат и повредите, нема да игра Ут, повредени и неизвесни за настап се и Конопљанка и Скржибски, но на дуелите со Борусија мотивите се до небо.

Може да одлучува и моментната инспирација. Сепак Шалке 04 има многу солиден тим, иако не игра добро, но во ситуација кога се бори за титулата Борусија е фаворит.

Предлог тип: 1Х&ГГ (2.10) Квота на денот Sport Life

 

Интер – Јувентус (20.30 часот)

Дербито на Италија има посебен шарм, а ривалитетот на двете екипи е повеќеслоен. Во минатото имаше многу недоразбирања, дури и политички препукувања во Парламентот на Италија.

Позната е аферата „калчополи“, кога на Јувентус му беа одземени титули, а ги доби на зелена маса Интер. Има огромен ривалитет и на ниво на градовите Милано и Торино, но сепак на крајот вечерва ќе одлучуваат фудбалските елементи.

Јувентус веќе ја освои титулата, осма по ред во Серија А, но и покрај тоа што се релаксирани гостите се фаворити. Имаат мотиви за да го добијат големото дерби, составот им е покомпактен, а ако не игра Мауро Икарди и патот кон победата ќе им биде многу полесен.

Интер се бори за да го запечати местото во Лигата на шампионите, но и да се во поинаква ситуација мотивите и желбата за победа против Јувентус се на максимално ниво.

Дербито на Италија ќе биде 247 вкупно во сите конкуренции, Јувентус досега е поуспешен со 110 победи, 59 пати било нерешено, а Интер се радувал на успех на 77 меча.

Предлог тип: Х2&1+ прво полувреме (2.30) Квота на денот Sport Life

 

Барселона – Леванте (20.45 часот)

Последните дуели на двата тима се исклучително ефикасни, а таква е најавата и за денешниот меч. Барселона е на прагот на освојување на титулата во Ла Лига, има и тешки дуели на распоред со Ливерпул во Лигата на шампионите, па може и да калкулира со играчите.

Ернесто Валверде ќе одлучи дали некоја од ѕвездите во тимот ќе одмори, но секако Барселона е фаворит против Леванте. Енис Барди одигра спектакуларен меч, лани во овој период против Барса, постигна два гола во голеадата што ја доби Леванте со 5:4, но потоа беше и актер во дебаклот од 0:5 повторно на домашен терен но на меч од оваа сезона.

Гостите бијат грчевита битка за опстанок, офанзивниот дел од тимот им функционира многу солидно, но одбраната им е слаба. На 34 натпревари примија дури 61 гол, што е втор најлош учинок во Ла Лига, зад Рајо Валјекано со 62 примени погодоци.

Барселона има одличен ростер, па и да играат дел од резервите е голем фаворит против Леванте, а очекуваме ново гол-шоу на „Камп Ноу“.

Предлог тип: 1&5+ (2.70)  

 

 

 

- Оглас -

Најнови вести