Дерби по бодови во Велс на патот кон Премиерлигата

Салцбург – Рапид Виена (16.30 часот)

Празнично во Клагенфурт ќе се бие битка за пехарот во австрискиот куп, а како што е вообичаено за фудбалските прилики во оваа земја во последно време, Салцбург е голем фаворит.

Биковите доминираат во последните неколку сезони, а и сега се со поголеми шанси против најпознатата екипа во Австрија, Рапид Виена.

Чудно, но вистинито е дека Рапид, кој е и најтрофејна екипа во Австрија го нема освоено пехарот во купот од 1995 година, односно ја чека куп титулата цели 24 години. Ги има вкупно 14, па во Клагенфурт денеска може да се закити со 15-та.

Салцбург има поскромна витрина со куп пехари, досега освои пет, но и ќе го игра шестото финале по ред во австрискиот куп. Во таа серија 4 пати Салцбург беше победник, а лани Штурм со триумф по продолженија ја сопре одличната серија на Ред Бул.

Предлог тип: Т1&ГГ (2.50) Квота на денот Sport Life

 

Партизан – Младост (18 часот)

Партизан има императив денеска и мора да победи ако сака да се приклучи во битката за настап во Европа Лигата. Младост е во одлична форма и нема пораз на последните пет меча во првенството.

Тимот од Лучани игра одличен фудбал и ќе му биде незгоден  ривал на српскиот гигант, кој моментно е зад денешниот гостин на табелата, но ако победи ќе го престигне.

Партизан има одлични резултати против Младост, нема пораз на последните пет меча, а и денеска е фаворит. Може да се очекува цврст меч, бидејќи влогот е голем и бодовите можат да имаат и огромно значење во битката за Европа.

Предлог тип: 2>1 (1.95)

 

Рен – Монако (19 часот)

Монако со серија лоши резултати во последните 4 кола повторно дојде во ситуација да стравува за опстанокот во најсилната француска лига.

Враќањето на Леонардо Жардим на кормилото даде резултати на стартот од новата авантура на португалскиот стратег во кнежевството, но сега повторно се нижат неуспеси.

Монако е само три бода пред Каен и четири пред Дижон, но има меч помалку, денешниот со Рен и мора да остане непоразен, ако сака помирно да го дочека финишот и последните 4 рунди.

Рен одигра многу солидна сезона, стаса и до осминафиналето во Европа Лигата, но беше сопрен од Арсенал. Овој меч на домаќините не им значи многу во поглед на позициите на табелата, бидејќи немаат шанси за излез во Европа, а и не можат да испаднат.

Предлог тип: 1+I&3+ (2.25) Квота на денот Sport Life

 

Свонси – Дерби каунти (20.45 часот) 

Двојниот англиски шампион Дерби Каунти ја бие клучната битка во обидот по четвртипат во последните шест години да игра бараж за пласман во Премиерлигата.

Претходните 3 учества беа неуспешни, а најблиску популарните “овни“ беа во 2014 година, кога загубија во финалето од Квинс Парк Ренџерс.

Сега имаат подобра позиција од Мидлсбро и од Бристол Роверс, бидејќи имаат два меча до крај, за разлика од конкурентите на кои им остана само последното коло.

Френк Лампард го врати Дерби на вистинскиот пат и ако денеска слават во Свонси, со три бода повеќе од Мидлсбро ќе го чекаат последното коло и дуелот дома со ВБА.

Свонси нема шанси за настап во плејофот за пласман во Премиерлигата, нема победа против Дерби на последните три меча и типуваме дека низата ќе продолжи.

Предлог тип: Х2&2-5 гола (2.03)

 

Барселона – Ливерпул (21 часот)

Првиот полуфинален меч од големата пресметка меѓу повеќекратните европски шампиони според сите стандарди треба да донесе спектакл и многу голови.

И Барселона и Ливерпул сезонава се машини за голови и имаат над 100 во сите натпреварувања во кои играа.

Калибар на фудбалери со квалитетите на Меси, Суарес, Кутињо, Салах, Мане, Фирмињо и останатите во двата табори ветуваат одличен фудбал и често тресење на мрежите.

Иако на официјалните мечеви меѓу овие два клуба од шест пресметки дури на четири, едната, или двете екипи заедно не постигнувале гол, сепак овој меч вечерва со овие состави и форма на Барселона и Ливерпул „мириса“ на голови.

Предлог тип: ГГ прво/второ (2.10)

 

 

- Оглас -

Најнови вести