НХЛ има опасни ајкули од Сан Хозе

Џими Батлер (Филаделфија 76 – Торонто репторс, НБА, 02 часот)

Филаделфија тргна против Торонто со истиот рецепт како и во првото плејоф-коло против Бруклин нетс. Пораз, па потоа се нижеа победи, а еден од главните фактори за пресвртот во стартната серија беше Џими Батлер.

Послабо го почна првиот меч против Репторс, но потоа блесна со 30 поени и 11 скокови. Интересни се дуелите меѓу него и Паскал Сијакам, а и двајцата играат одлично во офанзива и постигнуваат доста поени.

Батлер се покажа како вистинско засилување за 76-те, а Фили има стартна петорка со Олстар-калибар, во која крилото е еден од лидерите.

Батлер игра одлично и типуваме дека повторно ќе биде ефикасен и ќе постигне над 19 поени.

Предлог тип: Батлер >18.5 поени (1.90)

 

Кавај Ленард (Филаделфија 76 – Торонто репторс, НБА, 02 часот)

И Ленард е на висина на задачата што ја има, а тоа е да биде предводник на Торонто во обидот да се елиминира големиот ривал Филаделфија и да се стигне до финалето на Источната конференција.

На двата меча во Торонто, крилото на домаќините постигна вкупно 80 поени, а сега ќе треба да потврди дека е во топ-форма на првиот меч на гостување кај 76-те.

За Ленард веќе сè е кажано, игра многу добра кошарка, кога ќе влезе во ритам, нема играч во НБА што може потполно да го сопре и ќе типуваме дека и по третпат ќе ја мине границата од 30 поени.

Предлог тип: Ленард >29.5 поени (1.80)

 

Паскал Сијакам (Филаделфија 76 – Торонто репторс, НБА, 02 часот)

Крилните кошаркари на двата состави играат одлично, па повторно ќе гледаме интересни дуели и во одбраната, но пред сè во нападот.

Сијакам со одлични игри во плејофот, но и во регуларниот дел од сезоната се промовира во еден од најдобрите крилни кошаркари во најсилната лига на светот.

Постигнува и доста поени, има и одличен скок, а и дефанзивниот дел му е солиден. Ноќеска ќе се обиде да го сопре Батлер, но и да помогне во нападот, каде што се промовира во втора опција, зад неприкосновениот Ленард.

Предлог тип: Сиакам >20.5 поени (1.90)

 

Колумбус блу џекетс – Бостон бруинс (НХЛ, 01.30 часот)

Колумбус е хит во плејофот во Источната конференција и откако како осми носител го елиминира најдобриот тим од регуларниот дел Тампа беј, сега води и против Бостон со 2:1 во победи.

Блу џекетс направија брејк во „Бостон гарден“, а потоа го потврдија со триумф на домашен терен, па ако успеат и ноќеска да слават во својата „Нешнвајд арена“, ќе бидат многу блиску до финалето на Истокот од НХЛ-лигата.

Трите меча беа многу неизвесни, два од нив завршија со голови во продолженија, па сосема е можно да има и третпат.

Предлог тип: Х (3.90)

 

Колорадо авеланш – Сан Хозе шаркс (НХЛ, 04 часот)

Ајкулите од Сан Хозе се неуништливи во ова издание на плејофот. Направија редок подвиг во првото коло и од 1:3 нанижаа три победи против ланскиот финалист Вегас голден најтс, а и сега со Колорадо успеаја да го вратат брејкот и водат со 2:1.

Блеска Логан Кочур, еден од најдобрите напаѓачи во Лигата, и тој е лидер на тимот што сега е фаворит за титулата, откако првите носители Тампа Беј и Калгари флејмс испаднаа.

Проблем за гостите е што нема да игра една од легендите во тимот, Џо Павелски, но Сан Хозе останува фаворит и е поблиску до победа против многу солидниот состав на Колорадо. Авеланш нема да се предадат, откако и тие како осми носител направија подвиг и го елиминираа главниот фаворит на Западот, Калгари флејмс, но Ајкулите се во опасен залет и се поблиску до предност од 3:1 отколку Колорадо до 2:2.

Предлог тип: 2 (2.55)

 

 

 

 

 

- Оглас -

Најнови вести