„Копјаниците“ ќе го преживеат нападот од „петлите“

Дуелот на Ајакс и Тотенхем од полуфиналето во ЛШ доминира во денешната фудбалска понуда, па затоа и во квотите на денот на обложувалниците Sport Life има два предлози од овој меч и тие може да се комбинираат на ист тикет. И ние како додаток додадовме еден предлог за истиот меч.

 

Ајакс – Тотенхем (21.00 часот)

Откако Тотенхем не ја искористи домашната предност на првиот меч, сега треба да се вади на гости, но тоа ќе биде исклучително тешко во Амстердам, каде што атмосферата е зовриена и сите чекаат пласман на Ајакс во финалето. Ајакс има серија од десет меча по ред без пораз, а Тотенхем загуби на последните пет гостувања по ред.

Предлог тип: 1Х & 2-4 (2.20)

 

Ајакс – Тотенхем (21.00 часот)

Иако не игра добро на гости, а хендикепиран е и со неиграњето на првиот стрелец Хари Кејн, Тотенхем нема избор, мора да нападне и да даде два гола ако сака да се пласира во финалето. Од друга страна, гостите треба да внимаваат и на својата одбрана. Ајакс е тим кој игра добро и може да постигне гол против секого.

Предлог тип: Т2 2+ & ГГ (3.10)

 

Голден стејт вориорс – Хјустон рокетс (четврток, 04.30 часот)

По четири натпревари, резултатот е 2-2 во победи и затоа овој петти меч од западното полуфинале во НБА може да биде клучен во серијата. Мотивацијата ќе биде на највисоко ниво, бидејќи не е сеедно дали ќе се вратат во Хјустон со 3-2 или 2-3 кога се игра во четири добиени. Се знае дека силата на двата тима е во нападот, сепак домашните имаат шампионски менталитет и важат за фаворити. Ако загуби, за Вориорс ова може да биде последен меч во „Оракл арената“ пред преселбата во Сан Франциско.

Предлог тип: 1 & > 219.50 (2.80)

 

Сараево – Широки Бријег (18.00 часот)

Во финалето на Купот на БиХ играат екипата на напаѓачот Крсте Велкоски против тимот на тренерот Гоце Седлоски. Ова е прв меч, ќе има и реванш. Двата тима се во добра форма, Широки лани го совлада Сараево во Купот, сега Велкоски и другарите ќе се обидат да се реваншираат. На трите меча сезонава, Широки не даде гол против Сараево.

Предлог тип: 1 (1.82)

 

Ајакс – Тотенхем (21.00 часот)

Резултатот од првиот меч не му гарантира на Ајакс мирен реванш, па затоа и холандскиот тим мора да напаѓа и без тактизирање што побрзо да ги реши дилемите околу патникот во финалето на ЛШ. Јасно е дека и Тотенхем ќе мора да напаѓа со сите сили, а се покажа дека англиските тимови знаат да одиграат на еуфорија и можат да бидат многу опасни. На таков отворен фудбал од двете страни веруваме дека во првите половина час ќе падне барем еден гол.

Предлог тип: 0-29 минута (1.74)

- Оглас -

Најнови вести