Ајкулите ќе испливаат од опасните канџи на Лавината од Колорадо

Сан Хозе шаркс – Колорадо авеланш (НХЛ, 03 часот)

Прекрасна серија играат Сан Хозе и Колорадо, а стигнаа до меч по кој нема назад. Една од двете одлични екипи ќе се простат од надежите за титулата во Стенли купот.

Ако од Сан Хозе, како втор фаворит во Западната конференција, се очекуваше да оди далеку во плејофот, тогаш Колорадо е вистинско изненадување.

Авеланш го елиминираа првиот носител Калгари, а сега му покажаа заби и на вториот фаворит на Западот, на Сан Хозе. Мајсторката повторно ќе донесе екстра хокеј, а предност има даваме на Ајкулите најмногу поради можноста решавачкиот седми меч да го играат пред својата публика во „САП центарот“.

Предлог тип: 1 (2.35)

 

Јанис Адетокумбо (Милвоки бакс – Бостон селтикс, НБА, 02 часот)

Еден од двата главни кандидати за МВП во НБА-лигата игра феноменално и речиси сам им носи победи на популарните Елени.

Јанис беше посебно инспириран на претходниот меч, кога постигна 39 поени, а Милвоки ноќеска може да се пласира во финалето на Источната конференција.

Грчкиот репрезентативец е како тенк и кога ќе тргне кон противничкиот кош, нема сила што може да го сопре. На стартниот меч од серијата со Бостон одигра поскромно, постигна 22 поени, а сè потоа е за респект. Редеше 26, па 32, па 39 поени, а скорот во поени само му расте од меч во меч.

Миловоки на крилјата на Адетокумбо направи пресврт и од 0:1, и тоа со стартен пораз на домашен терен нанижа три победи по ред и ноќеска може да биде првиот финалист на Истокот од НБА-лигата.

Предлог тип: Адетокумбо >30.5 поени (1.90) 

 

Кајри Ирвинг (Милвоки бакс – Бостон селтикс, НБА, 02 часот)

Бостон е пред елиминација, а еден од главните фактори за незгодната ситуација во која се наоѓа најтрофејниот клуб во НБА-лигата е променливата форма на Кајри Ирвинг.

Игра по принципот топло-ладно, што се одрази на ефектот на Бостон и на негативата од 1:3. Ноќеска нема веќе избор за Келтите и мора да играат поагресивно, побрзо и Кајри да ги преземе конците на игра во свои раце.

Бекот на гостите е еден од најдобрите во Лигата, а ако одигра како што знае, Бостон има шанса да остане во игра и да се спаси од елиминација.

Предлог тип: Ирвинг>25.5 поени (1.95)

 

Кевин Дурант (Голден стејт вориорс – Хјустон рокитс, НБА, 04.30 часот)

Крилото на Воините стандардно игра одличен баскет и е еден од најдоминантните кошаркари во најсилната лига на светот.

Просекот во серијата против Хјустон му е над 30 поени на четирите меча досега, а приближно таа е и границата на поени што во додатокот за НБА-плејофот е поставена во обложувалниците на Sport Life.

Дурант знае да одигра симултанка, а Голден стејт има многу опции во нападот со него. Очигледно е дека Хјустон нема решение за одбрана против високото крило на шампионот, па очекуваме Дурант максимално да ја искористи предноста што ја има во директните дуели со Гордон, кој не е лош дефанзивец, но нема капацитет да му се спротивстави на најдобриот кошаркар во овој плејоф на Голден стејт.

Предлог тип: Дурант>32.5 поени (1.95)

 

Дрејмонд Грин (Голден стејт вориорс – Хјустон рокитс, НБА, 04.30 часот)

Грин одлично го менува повредениот Демаркус Казинс на позицијата центар, а неговата подвижност, бидејќи повеќе е крилен центар, им задава мака на дефанзивците на Хјустон, особено на Клинт Капела.

Грин знае да игра и под кошот и како крило, а умее да погоди и тројка, па бројките во серијата со Хјустон му се извонредни.

Еднаш имаше трипл-дабл, двапати беше многу блиску, а постојано има двоцифрен број поени и скокови, што го прави одличен предлог-тип за триплета, игра што ја нудат само обложувалниците на Sport Life.
За петтиот меч ноќеска ќе искомбинираме плус поени, асистенции и скокови за Грин, а границата не е превисока и изнесува 29.5.

Предлог тип: Грин>29.5 поени+асистенции+скокови (1.95)

 

 

- Оглас -

Најнови вести