Лесна задача за Интер за камбек на третото место

Бешикташ – Аланијаспор (19 часот)

Ова е меч што не им значи речиси ништо на двете екипи. Бешикташ по поразот од Галатасарај во големото дерби, ги загуби шансите за титулата, а Аланијаспор со пораз од Коњаспор на свој терен се прости од надежите за настап на евросцената.

Вечерва ќе играат за престиж, а кога е така, најчесто има голови. Црно-белите никогаш не загубиле меч на домашен терен од Аланијаспор и сега се фаворити и се очекува да победат.

Можно е Шенол Ѓунеш да одмори дел од фудбалските ѕвезди на Бешикташ, но без разлика на сè, гигантот од Истанбул има доста квалитетни играчи и резерви да ја победи Аланија.

Предлог тип: 1&2-4 гола (2.45) Квота на денот 

 

Болоња – Парма (19 часот)

Двете екипи сè уште го немаат потврдено опстанокот во Серија А, но се на добар пат да го сторат тоа. Синиша Михајловиќ донесе чудо во Болоња и успеа да го извлече седумкратниот италијански шампион во помирни води, иако сèе уште не е сигурно дека клубот ќе успее да опстане.

За печат на нова виза и учество во Калчото им треба победа, исто како и на Парма, а се чини најреален исход е ремито. Така беше на последните три средби меѓу овие два клуба, а и вечерва некако „мириса“ на нерешено.

Предлог тип: Х (3.05)

 

Виторул – Астра (19.30 часот)

Тимот што го предводи легендарниот Георге Хаџи има добри шанси да игра во Лигата на Европа, а за тоа треба да се победи Астра. Екипа која игра лошо во плејофот и има само една победа и 7 порази.

Гостите играат без амбиции, нанижаа три порази, од кои последниот беше дебакл на домашен терен од Клуж со 1:5.

За разлика од нив, тимот од Констанца има 4 победи и по два порази и нерешени и сè уште е во игра за настап на европската сцена.

Интересно е што двете екипи ако не успеат преку плејофот, ќе имаат уште една шанса за европска виза бидејќи меѓусебе ќе играат во финалето на романскиот куп на 25 мај.

Предлог тип: 1&Т1 (2.03)

 

 

Малага – Овиедо (21 часот)

На „Ла Росаледа“ тешко се освојуваат бодови, Малага умешно знае да ја искористи предноста на домашен терен, но така беше до две тритини од првенството во Втората шпанска лига.

Сега, за чудо, се нанижаа неуспеси, Малага не може да победи никого на свој терен веќе 7 кола по ред, а амбициите за директен пласман во Ла Лига исчезнаа.

Сè уште постои добра шанса да се игра бараж, но Малага мора да победува и да чека кикс на конкурентите, меѓу кои е токму и Овиедо.

Гостите имаат два бода помалку од Малага и се на две позиции од учество во баражот. Одлично играат на гостински терен цела сезона, а имаат две победи по ред, па сега сакаат хет-трик, со што би ја прескокнале Малага.

Иако се работи за екипи што играат цврсто и тешко даваат и примаат голови, овде влогот е исклучително голем, а екипата што ќе победи останува кандидат за настап во плејофот, преку кој уште една екипа ќе се пласира во Ла Лига, покрај двете провопласирани што директно обезбедуваат настап во најсилната шпанска лига.

Предлог тип: 1-3I&1-3II (2.35) Квота на денот

 

Интер – Киево (21 часот)

Интер е голем фаворит за победа, со која би се вратил на третото место во Серија А. Киево е испаднат и освен за боите на клубот и за чест, нема за што да игра.

Популарните „летечки магариња“ немаа многу успеси во Милано на дуелите против Интер и кога беа во многу подобра ситуација од оваа. Интер ги доби последните три меча против Киево на „Џузепе Меаца“, два од нив многу убедливо, па сличен исход се очекува и за денешниот меч.

На последните 15 гостувања кај Интер, Киево нема победа, а единствената ја забележа во 2001 година, кога славеше со 2:1.

Проблем за Интер може да биде отсуството на Брозовиќ и на Д`Амброзио, кои имаат жолти картони, нема да играат ниту Весино и Де Фрај, но „нераѕурите“ имаат многу поквалитетен ростер и тим од Киево и се големи фаворити за победа, и тоа убедлива.

Предлог тип: 1-1&4+ (2.60) Квота на денот 

 

- Оглас -

Најнови вести