Каролина и Бостон знаат само за офанзива

Каролина хјурикејнс – Бостон бруинс (НХЛ, 02 часот)

Ова ќе биде клучниот меч во финалната плејоф-серија во Источната конференција, а домаќините имаат императив да победат. Бостон во првите два меча апсолутно доминираше и со две убедливи победи води со 2:0.

Ноќеска за првпат во серијата Каролина ќе биде домаќин, но им доаѓа незгоден гостин. Бостон е клуб со огромна традиција, еден е од шесте основачи на НХЛ-лигата, има шест титули и игра одлично против Хјурикенс на гостински терен.

На последните 10 меча, Каролина само двапати го има победено Бостон во својата арена PCN во регуларен дел од мечот.

Сепак, Ураганот од Каролина покажа во досегашниот дел од плејофот дека може да се носи рамноправно со фаворитите. Како претпоследен, 7-ми. Носителот на стартот го елиминира актуелниот шампион Вашингтон, потоа му „удри“ метла на подобро рангираниот Њујорк ајландерс, а и сега игра против фаворит.

Исходот во ваква ситуација е тешко да се прогнозира, па ќе се обидеме со голови.

Предлог тип: >4.5 гола (1.50)

 

Стефан Кари (Голден стејт – Портланд, НБА, 03 часот)

Ќе биде интересно да се следи финалето во Западната конференција, а особено важен ќе биде првиот меч, што ќе се игра ноќеска.

Шампионот Голден стејт е без Кевин Дурант, па сега пак на голем испит ќе биде пред сè Стефон Кари. Неверојатниот бек на Вориорс одговори на предизвикот во полуфиналето против Хјустон и со прекрасна игра го предводеше тимот до клучната победа за елиминација на Ракетите, и тоа без Дурант во тимот.

Кари повторно треба да биде лидер на шампионскиот состав и ноќеска на првиот меч од финалето на Западот, а ние ќе типуваме дека ќе ја мине границата од 31 поен.

Предлог тип: Кари>30.5 поени (1.87)

 

Клеј Томпсон (Голден стејт – Портланд, НБА, 03 часот)

Томпсон е еден од најдобрите шутери во НБА-лигата, човек што може да погодува во серија и на него секогаш мора да се внимава. Ако влезе во ритам, ќе гледаме шоу, а против Портланд игра одлично. Неговите дуели со Лилард може да ја донесат и одлуката кој ќе игра во финалето и за пехарот во НБА-лигата.

Границата за поени што е поставена во специјалниот додаток за НБА-лигата во Sport Life не е превисока за Томпсон и очекуваме да постигне 25 или повеќе поени.

Предлог тип: Томпсон>24.5 поени (1.90)

 

Си-Џеј Мекалум (Голден стејт – Портланд, НБА, 03 часот)

Си-Џеј е херојот на Портланд и со неговата неверојатна претстава од 37 поени и 9 скока, Блејзерс успеаја да го елиминираат Денвер, со триумф во мајсторката, и тоа на гости.

Мекалум е еден од највештите бекови во НБА-лигата и со Лилард се тандем за во топ 5 во најсилната лига на светот.

Од него и во финалната серија многу се очекува, игра во топ форма и ќе му биде противник на Стефан Кари.

Двајцата се многу подобри офанзивци отколку што умеат да играат одбрана, па може да се типува дека и Мекалум ќе ја надмине границата од 23,5 поени.

Предлог тип: Мекалум>23.5 поени (1.80)

 

Демијен Лилард (Голден стејт – Портланд, НБА, 03 часот)

Главниот адут на Портланд и прва ѕвезда во тимот игра малку поскромно, барем кога се во прашање поените во плејофот.

Лилард мудро му ја отстапи главната улога на расположениот Мекалум во седмиот меч против Денвер, повеќе асистираше отколку што шутираше и таквиот стил на игра му донесе успех на тимот.

Тимот и тактиката што победува не се менува, па и ноќеска очекуваме главната ѕвезда на гостите да има доста асистенции.

Предлог тип: Лилард>6.5 асистенции (2.00)

 

- Оглас -

Најнови вести