Михајловиќ на „Олимпико“ освојуваше трофеи, сега ќе осигури опстанок со Болоња

Лацио – Болоња (20:30 часот)

Лацио и Болоња треба да го комплетираат 37-мото коло во Серија А, а дуелот на „Олимпико“ во Рим е многу поважен за гостите отколку за Лацијалците. Избраниците на Симоне Инзаги повеќе немаат шанси да се борат за пласман во ЛШ, додека со освојувањето на Купот на Италија го осигурија учеството во Лигата на Европа.

Болоња откако го ангажираше Синиша Михајловиќ (по вторпат), направи подвиг на табелата, па сега ѝ е потребен и еден бод за да обезбеди опстанок во италијанската елита. Болоња во последните две гостувања кај Лацио во Рим успевала да ремизира при идентични 1-1, а токму таков исход се очекува и вечерва.

Предлог тип: X2 & 2-4 (2.60)

 

Ерзурум – Фенербахче (19:00 часот)

Со двете последователни победи во претходните две кола, Фенербахче направи подвиг на табелата и сега нема грижи околу евентуално и шокантно испаѓање од турската Суперлига. Но, добро е да се продолжи во победнички ритам, со кој Фенер може да се искачи на горниот дел од табелата и да заземе место меѓу шестотоо и 10-тото.

Во првиот овосезонски дуел Ерзурум како гостин во Истанбул надополни два гола негатива и практично му одзеде два бода на Фенербахче, а сега, откако е познато дека од следната година ќе игра еден ранг подолу, бодовите не му се важни, но ќе игра за престиж.

Предлог тип: ГГ 3+ (2.05)

 

Албасете – Гранада (21 часот)

Во Втората шпанска се води интересна битка за втората позиција на табелата, која носи директен пласман во Ла Лига. Токму овие две екипи вечерва ќе одлучуваат кој ќе биде вториот патник покрај лидерот Осасуна. Гранада е втора со 71 бод, Албасете има три бода помалку, така што триумф на домаќините ќе ги пресели на второто место поради подобриот учинок во меѓусебни дуели.

Првата пресметка сезонава заврши со реми од 1-1, а дополнителн мотив за Албасете треба да биде фактот што цела една деценија нема претрпено пораз на домашен терен од Гранада.

Предлог тип: X било кога (1.75)

 

Дандалк – Бохемијанс (20:45 часот)

Ирскиот првак негува долга и позитивна традиција против Бохемијанс и не планира вечерва да ја прекине. Во рамките на шампионатот и Купот во Ирска, Дандалк брои седум победи и едно реми во последните осум меѓусебни средби, а на домашен терен последен пат загуби во октомври 2017 година.

Инаку Дандал води мртва трка со Шемрок сити за врвот на табелата, двете екипи имаат по 37 бода по 17 одиграни натпревари, така што еве им шанса да се одлепат од ривалот.

Предлог тип: 1 & 2-3 (2.85)

 

Рубин Казањ  – Анжи (18 часот)

Полека се приближува крајот на рускиот шампионат. Зенит е шампион, а познати се и двете екипи кои испаднаа еден ранг подолу. Токму Анжи како последнопласиран се сели во Втората руска лига, така што овој дуел со Рубин ништо нема да смени.

Екипата од Казањ има неуспешна сезона и никако не може да се задоволи со 10-тото место. Само 7 победи во 28 натпревари не е учинок каков што доликува за поранешен руски првак. Последните две средби против Анжи ги одиграа со идентични 1-1, време е да се освојат три бода.

Предлог тип: 1 & 3-5 (2.12)

- Оглас -

Најнови вести