Сега е шансата на Црвена ѕвезда да го ангажира Илија Несторовски

По Илија Најдоски од пред 30-тина години, уште еден Македонец со името Илија би можело да стане член на Црвена ѕвезда. Српскиот првак, кој ќе се обиде повторно да се пласира во групната фаза од Лигата на шампионите, ќе се обиде да го ангажра Илија Несторовски.

Скаутинг-службата на Ѕвезда цела сезона го следи Несторовски во Серија Б, но тој сакаше да остане на Сицилија и да се бори за влез во првата лига. Сепак, по казната и административната преселба на Палермо еден ранг подолу, јасно е дека Нестор ќе треба да си ја бара среќата на друго место.

Овој развој на настаните ги размрда работите во Ѕвезда и белградските „црвено-бели“ ќе отворат преговори со нашиот напаѓач. За Несторовски се интересираат и други големи клубови, како Фиорентина, па останува да се види кој ќе биде најконкретен и најупорен во намерата да го донесе прилепчанецот во своите редови. Несторовски сезонава даде 15 гола.

- Оглас -

Најнови вести