Бакнежот од Шкринијар во знак на благодарност после одбраната во 92 минута, најдобро отсликува колку беше значаен капитенот на Интер, Самир Хандановиќ, во победата над Емполи, со која „нераѕурите“ се пласираа во Лигата на шампионите. Словенецот имаше неколку сензационални одбрани, а особено важна беше онаа последната, во 92 минута, кога спречи чист гол за гостите.
„Најдобриот голман во Серија А“, „Бог меѓу стативите“, „Ти благодариме спасителу“, се само дел од пораките на навивачите на Интер кон голманот Хандановиќ кој е јунакот, иако головите беа дело на други играчи. Ова е последната одбрана:
Handanovc x3 unbelievable performance from him 10/10 pic.twitter.com/Bk896enyBZ
— InterYaLautaro (@InterYaLautaro) May 26, 2019