Верона е одлучна да го избрише срамот со свастиката пред стартот на Серија А

Ние сме фантастичен тим скроен со симболот на свастика…. Kолку се убави возовите на Рудолф Хес, пееја дел од навивачите на Верона, на реванш-мечот со Цитадела, по кој тимот од градот на Ромео и Јулија успеа да се врати во Серија А.

Видлив на трибините беше и симболот на нацистите, односно знамето со таканаречената свастика, па во Верона ќе има истрага за скандалот.

„Законот е јасен и нема да толерираме вакво однесување, иако тоа беше дел од мала група навивачи на Верона. Ризикот е да се дискредитираат сите навивачи, клубот и градот.

Навивачите на Верона, односно многу мал дел од нив и во минатото имаа слични испади, со глорифицирање на фашизмот и на Адолф Хитлер и неговите соработници, но сега пред да почне новото првенство во Италија, покрената е акција и истрага за целосно разветлување на случајот.

Поднесено е обвинение против непознати сторители, но ќе се користат снимките од камерите за да се идентификуваат осомничените, кои и според официјалните лица што го водат фудбалскиот клуб, мора да бидат казнети за да се сочува реномето на новиот калчолигаш.

- Оглас -

Најнови вести