Пофалби за Несторовски, ситници го делат од официјализација на трансферот

Илија Несторовски е играч со визија, вистински шпиц и ќе биде корисен за Удинезе, вели Мануел Џеролин, поранешниот спортски директор на Удинезе и Палермо.

Официјализацијата на Македонецот како нов играч на Фриулијаните треба да дојде наскоро. Тој во клубот од Серија А доаѓа како слободен играч, откако Палермо се соочи со многу проблеми и преселба во понизок ранг.

„Доведувањето на Јајало и Несторовски се многу паметни потези на Удинезе. Двајцата ги познавам многу добро. Ги донесов во Палермо затоа што знаев дека ќе ни бидат од полза. Несторовски има визија, добар е во завршницата, вистински голгетер кој е левучар. Не е лош како за главен центарфор. Мислам дека може да игра во нападот заедно со Лазања, би биле добар тандем. Тренерот Тудор ќе си одлучи, но верувам дека ќе се вклопат“, вели Џеролин.

Нестор во минатата сезона даде 14 гола во Серија Б, интерес за него имаше и од Торино, Болоња и Црвена ѕвезда, но се чини дека кариерата ќе ја продолжи во црно-белиот дрес на Удинезе.

 

- Оглас -

Најнови вести