Пауло Дибала не успеа да се договори со Манчестер јунајтед за личните услови, па договорот на кој инсистира и Јувентус се уште е далеку.
Одличниот офанзивец на Старата дама сега дополнително е притиснат од Јувентус и тренира во изолација од останатите играчи, а поставен му е и ултиматум да се договори со „црвените ѓаволи“ до петти август, објави „Газета“.
Целта на Јувентус е да го продаде аргентинскиот ас во Манчестер јунајтед, кој е заинтересиран за Дибала, а за возврат на „Алијанц“ во Торино да пристигне Ромело Лукаку, шпицот на англискиот клуб.
Дибала е четири сезони во Јувентус, откако во 2015 година пристигна како големо засилување од Палермо и беше стандарден во првите три сезони.
Лани почесто беше резерва кај Масимилијано Алегри, а очигледно не е и во плановите на Маурисио Сари, кој е нов тренер на Јувентус, па ќе мора да си замине.