Маестрална стратегија на Мерцедес, Хамилтон по 7-пат победи на Хунгароринг

Тимот на Мерцедес имаше подобра стратегија од конкурентите и успеа да му помогне на актуелниот светски првак Луис Хамилтон да победи по осмипат сезонава и седми на Хунгароринг.

Марк Ферстапен долго водеше, почна од пол-позицијата, но Британецот беше упорен, постојано притискаше и успеа да направи пресврт, да дојде до првата позиција и да победи на трката за Големата награда на Унгарија.

„Добив голема поддршка од целата екипа на Мерцедес, веруваа во мене и јас во нив и заслужено победивме на трката. Се уште не ми се верува дека 7 пати сум победил во Унгарија. Имавме порблеми со сопирачките во текот на целиот викенд, но ги надминавме сите маки со одлична тактика“, изјави Хамилтон.

Шампионот успеа да стопи негатива од 19 секунди зад Ферстапен, кој ја имаше и пол-позицијата и водеше долго време, но не успеа да се одбрани од постојаните налети на Хамилтон.

На подиумот имаше место и за Себастијан Фетел, а зад него трката за Големата награда на Унгарија ја завршија Леклер и Саинц во топ-5.

Во Генералниот пласман Хамилтон е убедливо прв со  250 поени пред Ботас со 188 и Ферстапен со 181.

- Оглас -

Најнови вести