Кадетската репрезентација на Србија нема да игра во полуфиналето на ЕП за играчи до 16 години во Удине, каде што учествува и Македонија, а главен виновник за тоа им е судијата. Србите загубија од Шпанија со 71-72, и тоа откако на 1,9 секунди до крајот им беше доделена техничка лична за газење на аут–линијата при изведување аут од страна на Шпанците.
Шпанците го искористија „подарокот“, а Србите не можеа да се помират. По мечот, највоинствен беше селекторот Саша Никитовиќ, кој се обиде физички да се пресмета со судијата кој ја донесе контроверзната одлука. Погледнете ја хаотичната завршница:
Cuartos del #FIBAU16Europe
Situación: Empate a 71. Saca España y el colegiado pita técnica por invadir en el saque.
Pocas veces se ve algo así. España, clasificada para semis. pic.twitter.com/QxRsOCjuvU
— Aarón Morales (@Aaron_Morales_) August 14, 2019