Абрамович загубил 2,5 милијарди евра поради Коронавирусот, но никому нема да му намали плата

Рускиот тајкун Роман Абрамович покажа дека е вистински газда кој се грижи за своите вработени. Абрамович е сопственик на англискиот премиерлигаш Челзи, но реши да не го следи примерот на многуте други сопственици кои драстично ги скратија платите на фудбалерите и останатите вработени. Сите оние кои се вработени во Челзи ќе земат плати без никакво намалување.

Оваа одлука на Абрамович е посебно вредна ако се знае дека само за овие месец дена, колку што трае пандемијата поради опасниот вирус, Русинот има загуба од 2,5 милијарди евра, но тоа не ги поколеба вработените да не добијат целосни плати.

Освен редовното исплаќање на платите, Абрамович во помош за борба против Коронавирусот на располагање го стави и својот хотел.

 

- Оглас -

Најнови вести