Адама Траоре повикан да игра во две репрезентации

Крилото на Вулверхемптон, Адама Траоре, кој е еден од најбрзите и физички најразвиени фудбалери на светот, се наоѓа во непријатна позиција околу изборот за која репрезентација ќе игра. Траоре најави дека ќе настапува за Шпанија, но уште нема играно на официјален меч, па доби повик и од селекцијата на Мали.

Родителите на Траоре се од Мали, па фудбалската федерација на оваа африканска земја не се откажува од него додека не заигра за Шпанија. Адама беше повикан двапати од селекторот на Црвената фурија, Луис Енрике, но не настапи поради здравствени проблеми. Сега има трета шанса да дебитира за земјата во која е роден, и тоа на мечевите со Швајцарија или Украина, во Лигата на нации.

Во националниот тим на Мали, има уште двајца фудбалери кои се викаат Адама Траоре. На едниот средното име му е Нос, а на другиот Малуда.

- Оглас -

Најнови вести